ЗА НАС
ПРОМЕДИКА е долгогодишен ексклузивен партнер на реномирани мултинационални компании од областа на фармацијата, медицината и стоматологијата.
ПРОМЕДИКА има специфичен и единствен модел на покривање на крајните корисници низ Р.Македонија. Нашата посветеност и одговорност кон здравјето ја демонстрираме преку следење на здравствената политика во согласност со економските критериуми и постојано сме фокусирани на соодветноста на ценовната политика согласно куповната моќ на крајните корисници.
ПРОМЕДИКА е основана 1996 година со приватен капитал. .
Посветеноста, ефикасноста, квалитетот и професионалноста за кратко време станаа препознатливи карактеристики на ПРОМЕДИКА која за краток временски период прерасна во лидер во својата дејност.
Компанијата е во постојан раст и развој. Прогресот на ПРОМЕДИКА се должи на вработените кои како вешти и добро обучени професионалци се активно вклучени во нејзиниот развој врз основа на компетентноста, знаењето и искуството.
Основна дејност на ПРОМЕДИКА е увоз, складирање и дистрибуција на:
- лекови,
- медицински помагала,
- стоматолошка опрема, стоматолошки потрошен материјал и заботехничка опрема и материјали.
Во ПРОМЕДИКА дополнително се организирани следните дејности:
- сервис и одржување на стоматолошки апарати и опрема,
- обука, едукација и усовршување на нашите клиенти поврзано со производите од нашето портфолио.