Новости

Настан Абофарма

Голема чест и огромно задоволство беше да се биде домаќин на стручниот настан кој на 09.12.2025 година го организиравме во соработка со нашиот долгогодишен партнер, Абофарма.

Настанот, кој се одржа во пријатниот амбиент на хотел Holiday Inn, беше посветен на фармацевтите и на сите професионалци кои сакаа поблиску да се запознаат со врвното портфолио на производи на Абофарма.

Со гордост истакнуваме дека предавањето беше акредитирано од Фармацевтската комора на РС Македонија. Присуството на огромен број наши соработници и колеги му даде посебна тежина на целиот настан, правејќи го исклучително значаен и инспиративен.

Исклучително сме благодарни за можноста за заедничко учење, размена на непроценливи искуства и унапредување на фармацевтската практика – сè со една единствена цел: испорака на најнови, безбедни и докажани решенија за здравјето на граѓаните.“

Преку организација на вакви настани, збогатени со врвни стручни предавачи од странство, Промедика ДОО уште еднаш ја потврдува својата лидерска позиција во веледрогериското работење во нашата земја.

Продолжуваме посветено понатаму – инвестирајќи во знаење, беспрекорен квалитет и континуиран професионален развој.