30 години доверба во
здравствениот сектор

30 години доверба во
здравствениот сектор

Од 1996 година, Промедика Веледрогерија гради стабилни партнерства со здравствени институции, аптеки, стоматолошки ординации, лаборатории и реномирани светски производители.

Нашата работа се темели на сигурна дистрибуција, квалитетни производи, стручна поддршка и одговорен пристап кон секој дел од здравствениот синџир.

Кои сме ние

Промедика Веледрогерија е основана во 1996 година, со јасна насока да обезбеди сигурни производи и професионална поддршка за здравствениот сектор во Македонија.

Од своите почетоци, компанијата континуирано го проширува своето портфолио, тим и партнерства. Денес, Промедика работи во три клучни области: фармација, медицина, стоматологија со забна техника и осигурување квалитет.

Со над 75 професионалци и портфолио од над 10.000 производи, обезбедуваме решенија за аптеки, здравствени институции, стоматолошки ординации, лаборатории, производители и партнери.

Нашата улога не завршува со испорака. Промедика обезбедува логистика, регулаторна поддршка, техничка поддршка, сервис, едукација и континуирана комуникација со професионалната здравствена заедница.

Нашата мисија

Нашата мисија е да обезбедиме висококвалитетни производи и супериорна услуга, придонесувајќи кон подобрување на здравјето и квалитетот на живот на пациентите. Се водиме од принципите на професионализам, квалитет и доверба, градејќи долгорочни и стабилни партнерства.

Нашата визија

Да бидеме препознаени по квалитет на понудените производи и услуги, по професионален и етички пристап во работењето, по почитување на зададените рокови за навремено и квалитетно извршување на договорите, како докажан и доверлив партнер за долгогодишна соработка.

Сигурност
во секој чекор
од соработката

Сигурност
во секој чекор
од соработката

Во здравството, секој детал е важен. Затоа работењето на Промедика е поставено преку јасни процеси, координација помеѓу секторите и континуирана контрола.

На тој начин обезбедуваме производите, опремата и услугите да стигнат навреме, во соодветни услови и со потребната стручна поддршка.

Нашиот пристап опфаќа:

Регулаторна усогласеност

Контролирана логистика

Следливост на производите

Соодветни услови за складирање и транспорт

Ладен ланец каде што е потребно

Техничка поддршка и сервис

Едукација за здравствени професионалци

Долгорочни односи со производители и партнери

Нашата улога
во здравствениот
систем

Нашата улога
во здравствениот
систем

Поддршка за професионалците кои секојдневно
се грижат за здравјето

Промедика работи со професионалци и организации кои имаат важна улога во здравствениот систем.

Нашата задача е да обезбедиме сигурен пристап до фармацевтски производи, медицинска опрема, стоматолошки решенија, логистика, сервис и знаење.

Со тоа им помагаме на аптеките, здравствените институции, стоматолошките ординации и лабораториите да работат со проверени производи, сигурна поддршка и јасна комуникација.

Барате сигурен партнер во здравството?

Барате сигурен партнер во здравството?

Тимот на Промедика е достапен за соработка со здравствени институции, аптеки, стоматолошки ординации, лаборатории, производители и професионалци од здравствениот сектор.