Новости

Настан „Предности на природното породување“

Ha 18.06.2026 во просториите на Едукативниот центар на Промедика Груп за првпат се одржа работилница под мотото „Предности на природното породување“.

Настанот помина во прекрасна атмосфера, исполнета со корисни информации, интересни дискусии и бројни прашања од идните родители. Заедно разговаравме за еден од најголемите и најубави животни предизвици – да се биде родител.

Присутните имаа можност да дознаат:

  • ✔️ Кои се придобивките од природното породување за мајката и бебето
  • ✔️ Како да се подготват физички и психички за породувањето
  • ✔️ Што да очекуваат за време на самиот процес на породување
  • ✔️ Корисни совети од стручно лице и можност за поставување прашања

Посебно внимание посветивме на современите решенија кои им помагаат на идните мајки во текот на бременоста, породувањето и периодот по раѓањето. Го претставивме Дианатал гелот – медицинско средство наменето за поддршка при природно породување, како и производите Нено, Нено Аргоген спреј и Абофолик Мета, кои обезбедуваат дополнителна грижа и поддршка за мајките и нивните бебиња.

Зборувавме и за доењето како природен процес и за непроценливата вредност на мајчиното млеко за здравиот раст и развој на секое новороденче.

Им доделивме многу подароци на присутните, а насмевките, позитивната енергија и активното учество беа најубавата потврда за успешноста на настанот. Благодарни сме за сите интересни дискусии, прашања и споделени искуства.

 Предавач: д-р Ана Матоска Дојчиновска, специјалист по гинекологија и акушерство.

На крајот се потсетивме на една важна вистина – секоја мајка е суперхерој. ❤️