Силна година за македонската урологија: За само шест месеци успешно имплантирани 10 софистицирани имплант протези за уринарна инконтиненција и 6 инфлантибилни пенилни протези
Новата година за Универзитетската клиника за урологија во Скопје започна со уште еден голем успех – успешна имплантација на софистицираниот систем за контрола на уринирањето AMS 800. Со оваа интервенција, на уште еден пациент му се вратени контролата, достоинството и самодовербата во секојдневниот живот.
Овој случај означува важен јубилеј за македонското здравство: за само шест месеци на Клиниката се изведени 10 успешни имплантации на протези за уринарна инконтиненција AMS 800 и 6 успешни имплантации на инфлантибилни пенилни протези AMS 700. Овие бројки потврдуваат дека напредната и високоспецијализирана уролошка протетика веќе се испорачува во континуитет и со висок квалитет во Северна Македонија.
Оваа пресвртница е резултат на цврстото трипартитно партнерство помеѓу ПРОМЕДИКА ДОО, Универзитетската клиника за урологија – Скопје и Boston Scientific.
Со интегрирањето на овие светски признаени технологии во редовната пракса, македонското здравство го подигнува стандардот на уролошка нега на едно повисоко ниво, нудејќи им на пациентите трајни решенија за комплексни здравствени проблеми.
Со секој нов успешен случај, докажуваме дека извонредноста не е само ветување – туку секојдневна практика водена од доверба, тимска работа и грижа за подобар квалитет на живот на пациентите.



