Нови хоризонти во ортопедијата и трауматологијата на УК ТОАРИЛУЦ – Скопје
На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (УК ТОАРИЛУЦ) беше испишана нова историја.
Успешно беше изведена комплексна операција на ’рбетот — декомпресија на спинална стеноза на две нивоа со ламинектомија — кај пациент со пет остеопоротски скршеници на прешлените.
За првпат во нашата земја, во овој тип на ортопедско-трауматолошка хирургија беше употребен напредниот систем за автотрансфузија XTRA+ на LivaNova, долгогодишен партнер на Промедика. Ова не е само нова технологија — ова е нов стандард во грижата за пациентите.
- Намалена зависност од дарувана крв – Помала потреба од хомологна (туѓа) крв.
- Поголема безбедност за пациентот – Преку примена на автологна трансфузија (сопствена крв).
- Побрзо и постабилно закрепнување – Помал ризик од компликации.
- Локална примена на светските најдобри практики – Врвна медицина достапна дома.
Ова е повеќе од историски успех.Оваа интервенција е многу повеќе од техничко достигнување, таа е доказ за напредокот. Таа потврдува дека кога визијата, експертизата и иновациите ќе се спојат, можеме да ја редефинираме иднината на здравствената заштита во Северна Македонија..
Промедика заедно со LivaNova, не само што ги лекуваме пациентите — туку поставуваме и нови стандарди за тоа каква треба и може да биде современата медицина.