Нов чекор во машкото здравје: AMS 700™ имплантни инфлатибилни пенилни протези станаа дел од редовната хируршка пракса во Скопје
Универзитетската клиника за урологија во Скопје воведе уште еден современ стандард во македонското здравство. Софистицираниот систем AMS 700™ сега е дел од рутинската хируршка пракса на клиниката, нудејќи им долготрајно и ефикасно решение на пациентите кои се соочуваат со тешка форма на еректилна дисфункција.
Системот AMS 700™ (Inflatable Penile Prosthesis) претставува триделна инфлатибилна протеза со над 40 години клинички успех ширум светот. Оваа технологија се смета за глобален златен стандард во хируршкиот третман на еректилна дисфункција, нудејќи:
- Природен изглед и функција
- Извонредна издржливост на материјалите
- Конзистентно висока сатисфакција и подобрен квалитет на живот кај пациентите
Овој значаен напредок во македонската урологија е резултат на континуираната соработка со глобалниот лидер Boston Scientific.
Како компанија, ПРОМЕДИКА е горда што ги носи овие напредни уролошки решенија во Северна Македонија. Заедно со нашите партнери и врвните домашни лекари, продолжуваме да овозможуваме подобри опции за лекување и да го враќаме квалитетот на животот на пациентите каде што е најпотребно.


