Предавање и тренинг на тема: Новите напредни естетски протоколи и целосниот потенцијал на NCTF® 135 HA и Art Filler®
На 12 и 13 јуни 2026 година, Промедика успешно организираше предавање и тренинг на тема нови напредни естетски протоколи и целосниот потенцијал на NCTF® 135 HA и Art Filler®
Настанот започна на 12 јуни 2026 година со воведно предавање на д-р Мина Маринковиќ, која ги презентираше искуствата на Промедика од примената на NCTF® 135 HA и Art Filler®, како и нивното место во современата естетска пракса.
Во продолжение, под водство на Áurea Lima, MD, PhD, се одржа стручно предавање посветено на најновите естетски протоколи и клиничката примена на NCTF® 135 HA и Art Filler®. Програмата опфати теоретски дел, презентација на клинички случаи и демонстрација на техниките со апликација на пациент.
13 јуни 2026 година се одржа hands-on тренинг, наменет за доктори по естетска медицина. Учесниците имаа можност, под менторство на Áurea Lima, MD, PhD, практично да стекнат нови знаења и да ги усовршат техниките на работа со NCTF® 135 HA и Art Filler®, следејќи ги најсовремените протоколи и препораки.
Настанот претставуваше одлична можност за размена на знаења и искуства, како и за унапредување на практичните вештини на докторите кои работат во областа на естетската медицина.
















