Новости

Промедика уште еднаш даде поддршка за децата од здружението „РАСТ“: Успешно реализиран летниот камп во Дојран

Како компанија чија примарна мисија е грижата за здравјето и подобрувањето на квалитетот на животот, веледрогеријата Промедика со гордост ја продолжи својата долгогодишна традиција на поддршка на Здружението на граѓани на родители на деца со ендокринолошки заболувања „РАСТ“.

Нашата соработка и поддршка за „РАСТ“ не е само еднократен проект, туку континуирана посветеност која ја негуваме секоја година. Среќни сме што сме дел од нивната приказна и што заеднички придонесуваме за посреќно и поздраво детство на овие храбри деца.

Летен камп во Дојран – Дружба, едукација и незаборавни спомени

Оваа година, со огромно задоволство ја поддржавме реализацијата на летниот камп за децата, кој се одржа во прекрасниот Дојран. Кампот помина во знакот на:

Инвестицијата во здравјето и среќата на децата е највредната инвестиција. За Промедика, поддршката на здружението ’РАСТ’ е чест, но и одговорност која со задоволство ја преземаме секоја година. Гледајќи ги насмевките на децата на кампот во Дојран, знаеме дека сме на вистинскиот пат.

Промедика продолжува активно да биде партнер на заедницата и да ги поддржува оние на кои поддршката им е најпотребна. На здружението „РАСТ“ му посакуваме уште многу успешни проекти, а ние ќе бидеме тука да ги поддржиме и во иднина!