Најавување на добитникот на стоматолошка столица по повод 30 години постоење
Објавено на 28.10.2026
По повод 30 години постоење, Promedika Group реализираше иницијатива за поддршка на младите стоматолошки професионалци преку доделување стоматолошка столица на еден млад стоматолог кој го започнува својот професионален пат. По завршување на процесот на пријавување и разгледување на апликациите, на 26 октомври Промедика го прогласи победникот.
Иницијативата произлегува од нашата определба знаењето, развојот и поддршката на новите генерации здравствени професионалци да останат важен дел од вредностите што ги градиме веќе три децении.
Со обезбедување опрема која претставува основа за секоја современа стоматолошка ординација, целта беше да се создаде конкретна можност за понатамошен професионален развој и да се даде поттик на млад стоматолог во градењето на сопствената професионална приказна.
Promedika го прогласи добитникот на стоматолошката столица – Александра Маркоска.
Оваа иницијатива е уште еден начин на кој ја одбележуваме 30-годишнината на Promedika – не само преку поглед наназад кон постигнатото, туку и преку вложување во иднината на здравствената професија.
И по 30 години, продолжуваме да создаваме можности за знаење, развој, професионално поврзување и поддршка на генерациите што доаѓаат.