КВАЛИТЕТ

Системот за квалитет гарантира квалитетен и безбеден производ во сите процеси на набавка, складирање и дистрибуција на лекарства и медицински производи засновано на научно знаење и долгогодишно егзистирање на пазарот како реномирана компанија од каде произлегува и искуството и заштитата на пациентот. Строго контролираните услови во целиот процес се предуслов за обезбедување високо квалитетни лекови, па оттука, фармацевтската контрола на квалитет е есенцијален дел во нашите операции.
Системот за квалитет е во согласност со Европската законска регулатива која гарантира дека пациентот и купувачот ќе добијат сигурен и квалитетен лек.
За постојано следење на квалитетот на производот е одговорен квалификуван кадар насочен кон научно знаење, професионално искуство и заштитата на пациентот. Менаџментот на компанијата ги следи иновациите кои би можеле да го подобрат системот за квалитет како и промените во деловното опкружување.

ИСО акредитација 9001:2015

Целите на Промедика за акредитацијата ИСО 9001:2015 се однесуваат на:

  • постојаното унапредување на квалитетот на работата;
  • зголемување на безбедноста на пациентот;
  • зголемување на довербата на корисниците во рамки на системот за здравствена заштита.

ИСО акредитација 14001:2015

Грижата за животната околина е еден од долгорочните принципи на деловната политика на ПРОМЕДИКА ДОО, така што Системот за управување со животната средина е дел од интегрираниот менаџмент систем. Како општествено одговорна команија ПРОМЕДИКА ДОО ги следи сите современи текови за заштита на животната средина.

0
ПРОДУКТИ
0
ПАРТНЕРИ
0
КЛИЕНТИ
0
ГОДИШНО ИСКУСТВО
0
ПРОДУКТИ
0
ПАРТНЕРИ
0
КЛИЕНТИ
0
ГОДИШНО ИСКУСТВО